Пасиште
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пасиште — простор со бујна растителност каде се пасе копитен добиток како дел од фарма или чифлиг. Планинското пасиште се нарекува рудина[1]. Пред механизацијата на земјоделството пасиштето било главен извор на храна за добитокот и овците. Тоа сѐ уште се употребува во голема мера, особено за природно живинарство и органско земјоделство, бидејќи пасиштето дава многу подобри животни услови за животните. Напредокот на полето на раководената интензивна испаша како и подобрувањата во технологијата на оградување довеле до обновен интерес во испашата во 1990-тите.

Растенијата на едно пасиште можат да бидат треви, зрна или мешавина. Луцерката, детелината и граорот како и пијанката, ливадарката, ветрушката и други билки, зависно од условите, од кои најважни се видот на почвата, минималната годишна температура и количеството на врнежи.
Remove ads
Пасиштето како мотив во уметноста
- „Декемвриски пасишта“ - песна на рускиот поет Андреј Вознесенски од 1957 година.[2]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads