Пасмина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пасмина[1][2] или раса[3][4] — специфична група домашни животни кои имаат хомоген изглед (фенотип), хомогено однесување и/или други одлики што ја разликуваат од другите единки од истиот вид. Во литературата постојат неколку незнатно различни дефиниции.[5] [6] Пасмините се образуваат со генетска изолација и природна адаптација на околината или со селективно одгледување, или комбинација од двете. И покрај галвното значење на идејата за „пасмина“ во сточарството и земјоделството, не постои единствена, научно прифатена дефиниција на поимот.[7] : 340 Теоретските размислувања покажале дека постои бесконечен број различни дефиниции за поимот пасмина, кои повеќе или помалку ги исполнуваат вообичаените барања што се наоѓаат во литературата.[6] Затоа, пасмината не е објективна или биолошки проверлива класификација, туку е жаргонски поим меѓу групите одгледувачи кои делат консензус за тоа кои квалитети ги прават некои припадници на даден вид членови на одредена подгрупа.[8]

Друга гледна точка е дека пасмината е доволно конзистентна по тип за да биде логички групирана заедно и дека парењето во рамките на групата произведува ист тип. Кога се одгледуваат заедно, единките од истата пасмина ги пренесуваат овие предвидливи особини на своите потомци, а оваа способност - позната како „вистинско размножување“ - е услов за пасмината. Растителните пасмини се попознати како сорти. Потомството произведено како резултат на размножување животни од една пасмина со други животни од друга пасмина е познато како мелез или мешанци. Вкрстувањата помеѓу животински или растителни варијанти над нивото на пасмина/сорта (т.е. помеѓу видови, подвидови, ботанички сорти, па дури и различни родови) се нарекуваат хибриди.
Во биолошката таксономија, пасмината е неформален ранг во таксономската хиерархија за кој постојат различни дефиниции. Понекогаш се користи за означување на ниво под подвидот, додека во други случаи се користи како синоним за подвид.[9] Се користи како повисок ранг од сојот, при што неколку соеви сочинуваат една пасмина.[10][11] Пасмините може да бидат генетски различни популации на единки во рамките на истиот вид,[12] или може да се дефинираат на други начини, на пр. географски или физиолошки.[13] Генетската изолација меѓу пасмините не е целосна, но можеби се насобрале генетски разлики кои (сè уште) не се доволни за да ги одделат видовите.[14]
Многу извори го препознаваат овој поим, иако не е регулиран со никаков формален код на биолошка номенклатура. Таксономските единици под нивото на подвидот обично не се применуваат кај животните.[15]
Remove ads
Облагородување: селекција од страна на одгледувачите
алт=dark gray, hairy Vietnamese Pot Bellied Pig|160x160пкс
алт=dark pink with thin black hair Meishan pig|160x160пкс
алт=Fine white haired, pink-skinned Sus scrofa|239x239пкс
Овој пример покажува три различни пасмини домашни свињи, кои многу се разликуваат по изглед.
Одгледувачот (или групата одгледувачи) кои првично воспоставуваат пасмина, го прават тоа со избирање на поединечни животни од генетскиот фонд за кои сметаат дека ги имаат потребните квалитети потребни за подобрување на моделот на пасмина кон кој се стремат. Овие животни се нарекуваат темелен фонд. Понатаму, одгледувачот ги пари најпосакуваните членови на пасмината од нивна гледна точка, со цел да ги пренесе таквите одлики на нивното потомство. Овој процес е познат како селективно одгледување. Писмен опис на пожелните и непожелните претставници на пасмината се нарекува стандард за раса.
Remove ads
Одлики на пасмината
Посебните одлики на пасмината, познати и како особини на пасмината, се наследуваат, а чистокрвните животни ги пренесуваат таквите особини од поколение на поколение. Така, сите единки од истата пасмина носат некои од генетските одлики на првичните основни животни. За да се одржи пасмината, одгледувачот би ги избрал оние животни со најпосакуваните особини со цел да се постигне понатамошно одржување и развој на таквите особини. Во исто време, пасмината би избегнувала животни кои имаат одлики кои се непожелни или нетипични за пасмината, вклучувајќи мани или генетски недостатоци. Популацијата во рамките на истата пасмина треба да се состои од доволен број животни за да се одржи пасмината во рамките на наведените параметри без потреба од принудно инбридирање.
Пасмините на домашни животни обично се разликуваат од земја до земја и од нација до нација. Пасмините што потекнуваат од одредена земја се познати како „домашни пасмини“ на таа земја.
Remove ads
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads