Пашки Козјак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пашки Козјак (словенечки: Paški Kozjak, порано само Kozjak[2]; германски: Kosjak[2]) — населба во Градската општина Велење, северна Словенија, сместена на ридовите источно од градот. Местото традиционално ѝ припаѓа на областа Штаерска. Целата општина денес е во состав на Савињскиот статистички регион.[3] Наречена е по сртот Пашки Козјак (1.272 м) сместен североисточно од населбата.
Remove ads
Име
Прво сведоштво за местото постои во документ од 1296 г. кој го именува како Похсрук (Pochsruk), што значи „Козји Грб“[4]. Во 1403 г. веќе се среќава како Козјак (Gosyak и Kosyak).[4] Денес се нарекува „Пашки“ по блиското место Пака, разликувајќи го од соседниот Козјак кај Мислиња.
Историја
Пашки Козјак е познат од борбите во НОБ кои се одиграле ноќта помеѓу 17 и 18 јануари 1944 г. кога словенечките партизани се обиделе да ги пробијат германските редови за да стасаат до масивот Похорје. На местото е подигнат гранитен споменик во сеќавање на загинатите партизани.[5]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads