Похорје

планински венец во Словенија From Wikipedia, the free encyclopedia

Похорјеmap
Remove ads

Похорје (словенечки: Pohorje; германски: Bachergebirge, Bachern) — средновисок шумовит планински венец јужно од реката Драва во североисточна Словенија, дел од Јужните Варовнички Алпи. Го геолошки поглед претставува дел од Централните Алпи и е сочинет од силикатни метаморфни и магматски карпи. Подрачјето е слабо населено со села од разбиен тип. Има неколку скијалишта.

Кратки факти Похорје, Највисока точка ...
Thumb
Црното Езеро
Remove ads

Географија

Венецот е алпски срт со засводени врвови на југ од реката Драва. Сместен е во триаголникот помеѓу градовите Марибор (на исток), Дравоград (на запад) и Словенске Коњице (на југ). На северозапад е ограничен од реката Мислиња, на југ од Витањската Низина, на исток се спушта во Дравското Поле, а на југоисток во пониските подножни возвишенија Подпохорске Горице. Големината му изнесува 50 км во правец исток-запад и 30 км од север кон југ, и зафаќа површина од 840 км2. Највисоки места се Чрни Врх (Schwarzkogel, 1.543 м) и малку пониските врвови Велика Копа и Језерски Врх, кои се издигаат на 1.537 м. Околу 70 % од површината е под шума.[1]

Remove ads

Геологија

Похорје е млад планински масив и претставуваат најјугоисточен дел на Централните Алпи.[2] Ова е единствениот венец во Словенија изграден од силикатни карпи. Покрајните делови се направени од палеозојска метаморфни карпи, а средишните се магматски, особено од гранодиорит (наречен „похорски тоналит“) и дацит.[3]

Близу селото Цезлак се наоѓа единственото познато лежиште на минералот цизлакит. Јужниот дел на похорје е познат по белиот мермер, кој се вади уште од римско време.[3]

Remove ads

Скијалишта

На Похорје се наоѓаат следниве скијалишта:

  • Рогла
  • Копе-Рибничко Похорје
  • Мариборско Похорје
  • Трије Краљи

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads