Пеликани

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пеликани
Remove ads

Пеликани (науч. Pelecanidae) — семејство големи водни птици. Карактеристични се со нивниот долг клун и вреќичката под него, која им служи за лов и исцедување на водата од клунот. Тие имаат светло перје, со исклучок само на два вида. Клуновите, ќесичката и кожата на лицето им добива малку боја пред сезоната на парење. Фосилните остатоци од пеликаните се стари најмалку 30 милиони години.

Кратки факти Пеликани Период: олигоцен-денес, Научна класификација ...
Remove ads

Таксономија и систематизација

Семејството прв официјално го опишал Карл Лине во 1758 г.[1] Името потекнува од старогрчкото пелекан (πελεκάν),[2] што произлегува од зборот пелекис (πελεκυς) кој значи „секира“.[3] Во античко време, зборот се однесувал и на пеликаните и на клукајдрвците.[4]

Пеликаните го дале своето име на редот пеликановидни, кој со текот на времето претрпува промени.[5]



Suliformes


Pelecaniformes


Ardeidae



Threskiornithidae






Scopus umbretta



Balaeniceps rex




Пеликани (Pelecanus)





Дијаграмот е заснован на Hackett et al. (2008).[5]

Видови

Осумте вида пеликани може да ги поделиме во 2 групи, едната со 4 пеликани кои гнездат на земја со претежно бели перја, и другата со 4 пеликани со сиви или кафени перја и кои гнездат или на дрва или на морски карпи.

Повеќе информации Живи видови пеликани, Секојдневни и стручни називи на птиците ...
Remove ads

Опис

Лов на риби, кафен пеликан, Јамајка

Пеликаните имаат крупно тело покриено со бели, розово-бели, сиво-бели или потемни пердуви. Перјата за летање на врвовите од крилата им се црни или темни. Имаат мала глава, долг врат, а карактеристичен е нивниот долг клун со растегливо ќесе. Розовкастите нозе им се кратки и силни, а четирите прсти споени со кожичка за пливање. На земја е тромав, но добро плива и многу добро и високо лета. Живеат во јата, крај големи езера, мочварни брегови, плитки калливи морски брегови или широки речни утоки.

Исхрана

Се храни со риби кои ги ловат заеднички, но и со други водни животни. Пленот го здогледуваат во лет, па слетуваат во полукруг со раширени крилја и ги опкружуваат преплашените риби.

Размножување

Во сезоната на парење, голите површини кожа им добиваат поживи бои: жолта, портокалова или црвена. Гнездата ги прават во поголеми колонии, на земја, со трски, водени растенија и гранки. Еднаш годишно снесуваат 2-3 бели јајца. Младенчињата ги хранат и двата родитела, со полусварена храна која ја чуваат во ќесичката под клунот.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads