Пенински Алпи
планински венец, дел од Западните Алпи From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пенински Алпи (француски: Alpes Pennines, италијански: Alpi Pennine, латински: Alpes Poeninae) наречени и Валиски Алпи (германски: Walliser Alpen) — планински венец во западниот дел на Алпите. They are located in Швајцарија (Вале) и Италија (Пиемонт и Аостинска Долина). Највисок врв е Дифур (4.634 м).
Оваа статија се однесува на венец во континентална Европа. За слично именуваните планини во Англија, погл. Пенини.

Remove ads
Географија
Италијанската страна на алпите се одводнува со реките Дора Балтеја, Сезија и Точе, кои се притоки на По (Пад). Швајцарска страна се одлева со реката Рона.
Од Мартињи до Аоста се протега познатиот прекуграничен тунел под превојот Голем Сен Бернар.
Морфологија
Главната верига (вододелница помеѓу Средоземното и Јадранското Море) се протега од запад кон истокна границата меѓу Италија на југ и Швајцарија на север. Почнувајќи од Мон Велан, првиот висок врв источно од превојот Голем Сен Бернар, венецот ретко се спушта под 3000 метри и опфаќа доста четириилјадници како Матерхорн и Монте Роза. Долините се доста слични од обете страни на границата — начелно нормално на главната верига и постепено се спуштаат во долината на Рона на север и Аостинската Долина на југ. За разлика од многу други планински венци, највисоките врвови се наоѓаат вон главната верига, помеѓу северните долини (Голем Комбен, Вајсхорн, Мишабел, Вајсмис).
Remove ads
Врвови
- Воздушен поглед на алпите
- Монте Роза
- Матерхорн
Ова се највисоките врвови на Пенинските Алпи, подредени по висина:
Remove ads
Ледници


Поголеми ледници на планините се:
- Горнерски
- Корбасјер
- Финдел
- Цмут
- Циналски
- Отема
- Алалински
- Ферпекл
- Фе
- Мон Мине
- Ридски
- Туртмански
- Моари
- Аролски
- Моминшки
- Шејлонски
Превои

Поважни превои на Пенинските Алпи се:[1]
Remove ads
Природозаштитни подрачја
Од обете страни на вододелницата се создадени низа природни паркови:
Поврзано
- Швајцарски Алпи
- Западни Алпи
- Пенински Алпи (римска провинција)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads