Пепи Манасков
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пепи Манасков (Титов Велес, 19 август 1964 [1]) е поранешен македонски ракометар, член на македонската ракометна репрезентација кој поради своите врвни квалитети и популарност е сметан за легенда на македонскиот ракомет со што е прогласен и за најдобар македонски ракометар на XX век.
Роден е во Велес каде што во 1977 година ја започнал својата кариера во РК Борец[2]. Во текот на својата богата спортска кариера играл во македонските клубови „Пелистер“ (со кого играл во финалето на купот на СФРЈ во 1986) и „Вардар Ватростална“. Имал и богата интернационална кариера во странство во клубовите „Кретеј“ од Франција, „Хамелн“ од Германија, „Филипос“ од Грција и „Пивоварна Лашко“ од Словенија. Настапувал за репрезентацијата на СФРЈ, а со репрезентацијата на Македонија учествувал на ЕП 1998 во Италија и СП 1999 во Египет. За националната репрезентација на Македонија одиграл 84 натпревари во кои постигнал 264 голови.
По завршувањето на својата 29-годишна играчка кариера во 2006 година, тој се обидол како тренер во повеќе наврати во Борец и Металург, а бил тренер на РК Куманово. Тој е женет и татко на 2 сина, Дејан и Мартин, кои исто така се играле ракомет во редовите на Металург. Тој бил сопственик на кафулето „Единаесетка“ во Велес.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads