Перистаси
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Перистаси (грчки: Περίσταση) — село во Општина Катерина во округот Пиерија, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 3 километри источно од градот Катерина и на 5 километри западно од Вромероскала, на надморска височина од 3 метри[2].
Историја
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 166 семејства и 616 бегалци[3], додека во 1940 година селото броело 936 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1071 жител, на пописот од 1961 година во селото живееле 1130 жители, во 1971 година имало 1176 жители, во 1981 година имало 1491 жител, додека во 1991 година имало 1730 жители[4]. Денеска, населението на селото е 2545 жители според пописот од 2011 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads