Перм (период)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Перм (период)
Remove ads

Пермгеолошки период и систем од развитокот на Земјата кој опфаќа 47 милиони години, од крајот на периодот карбон пред 298,9 милиони години до почетокот на тријаскиот период пред 251,902 милиони години. Тоа е последниот период на палеозојската ера (следниот тријаски период припаѓа на мезозојската ера). Концептот на пермскиот период е претставен и воведен во 1841 од геологот Сер Родерик Мурчисон кој го именувал според рускиот град Перм. Во пермскиот период се случила диверзификацијата на раните амниоти во групите на цицачите, желките, лепидосаури и архосаури. Во тоа време светот бил доминиран од два континенти познати како Пангеја и Сибир, опкружени од светски океан познат како Панталаса. Пропаста на карбонските дождовни шуми оставиле огромни региони на пустина во внатрешноста на континентите. Амниотите, кои подобро можеле да се справат со овие посуви услови се искачиле до положба на доминација над нивните претходници водоземците.

Thumb
Географијата на светот во времето на пермскиот период
Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads