Перо Видев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Перо Видев ( 1928 во Ваташа — 16 јуни 1943 во Ваташа) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите деца во Масакрот во Ваташа.[1]
Remove ads
Животопис
Бил речиси дете со само 15 години, кога под влијание на своите другари со голема жар и ентузијазам се вклучил во редовите на напредното движење во своето село. Перо Видев членувал во скоевската група која ја раководел Пане Џунов, а во која членувале уште Пане Мешков, Ристо Ѓондев, Ванчо Гурев, Ката Видева, Станка Коцева и Трајанка Андова. Иако бил најмлад по возраст без приговор ги извршувал сите поставени задачи од страна на скоевската организација.[1]
Remove ads
Масакрот на ваташките деца

На 16 јуни 1943 година (на 6-тиот роденденот на Симеон II - син на Царот Борис III) во раните утрински часови Перо Видев бил уапсен од страна на Бугарската полиција, која по ѕверското иследување во селската кафана на Васил Хаџи Јорданов, го застрелала него и неговите другари во месноста "Моклиште".[1]
- МЛАДИНЦИТЕ ОД ВАТАША
- Дел од стреланите Ваташки младинци, во младешките денови
- Дел од ѕверски убиените Ваташки младинци
- Дел од стреланите Ваташки младинци, на игранка
- Бугарскиот терор извршен во Тиквешијата - опишан од Лазар Мојсов, објавен во весникот Нова Македонија бр.28 од 3 јануари, 1945 година (среда)
- 12-те ваташки деца стрелани на 16 јуни 1943 година.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads