Пане Мешков
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пане Мешков ( 1925 во Ваташа — 16 јуни 1943 во Ваташа) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите деца во Масакрот во Ваташа.[1]
Remove ads
Животопис
Бил ученик во шести клас во кавадаречката гимназија. Во напредното младинско движење се вклучил уште во 1941 година, а во октомври истата година станал и член на Скоевската организација. Во неговата скоевска ќелија членувале уште: Ристо Ѓондев, Перо Видев, Ката Видева, Станка Коцева и Трајана Андова.[1][2]
Заедно со членовите на својата група извршувале многу задачи поставени од страна на партиската организација. Кога кон крајот на 1942 година во атарот на село Ваташа престојувале дел од борците на велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”, Пане Мешков заедно со Наќо Ангелов - Рочко и Пане Џунов биле одредени да извесно време се грижат околу сместувањето и исхраната на борците од овој одред.[1]
Remove ads
Масакрот на ваташките деца

За време на јунската непријателска офанзива, Пане Мешков како активен и организиран член на напредното движење бил уапсен од бугарската полиција и на 16 јуни 1943 (на 6-тиот роденденот на Симеон II - син на Царот Борис III) година стрелан во месноста „Моклиште”, со уште 11-мина младинци од Ваташа.[1]
- МЛАДИНЦИТЕ ОД ВАТАША
- Дел од стреланите Ваташки младинци, во младешките денови
- Дел од ѕверски убиените Ваташки младинци
- Дел од стреланите Ваташки младинци, на игранка
- Бугарскиот терор извршен во Тиквешијата - опишан од Лазар Мојсов, објавен во весникот Нова Македонија бр.28 од 3 јануари, 1945 година (среда)
- 12-те ваташки деца стрелани на 16 јуни 1943 година.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads