Персија (област)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Персија (област)
Remove ads

Персија (произлегува од Персисстарогрчки облик на Парс или Фарс) — хеленизирано име за историската покраина Фарс во Јужен Иран, кое се користело во западните земји до 1935 г. како име за целата денешна територија на Иран. Во историографијата, поимот Персија исто така се користи и за Персиското Царство, со кое во различни историски периоди владееле династиите на Ахеменидите (VI — IV век пр. н. е.), Сасанидите (III — VII век), како и некои подоцнежни династии.

Thumb
Персиското Царство, околу 500 г. пр. н. е.; Персија е средишната јужна провинција со црвена линија. Главните градови се Персеполис и Пасаргад.
Remove ads

Македонска Империја

Ахеменидското Царство било поразено од Александар Македонски во 330 г. пр. н. е., со што поголемиот дел од нивната огромна територија бил вклучен во неговата империја.

Племиња

Херодот го посочува племето Пасаргади како водечко персиско племе, од кое потекнува царската династија на Ахеменидите. Други племиња се Марафиите и Маспиите. Токму овие три племиња ги обединува Кир II за својот бунт против мидискиот цар Астијаг во 550 г. пр. Хр.[1]

Парсите како религиозно малцинство на Индискиот Полуостров

Во денешна Индија, Пакистан и Шри Ланка, кога се зборува за „Парси“ или „Фарси“, се мисли на припадниците на самобитното и издвоено религиозно малцинство што го исповеда зороастризмот. Тие се потомци на бегалци што избегале од исламските освојувања насочени против древните зороастријци.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads