Персеполис

From Wikipedia, the free encyclopedia

Персеполис
Remove ads

Персеполис е грчкото име на древниот персиски град Парса, една од престолнините на Персија. Останките на денешниот град се сместени на 70 км североисточно од градот Шираз во Иран. Се смета дека градбата на градот била започната околу 515 п.н.е. од страна на царот Дариј I. Персеполис бил изгорен од страна на Александар Македонски во текот на 330 п.н.е. По Александар, градот останал да служи како престолнина на Персија, за да многу бргу градот биде изоставен и како центар на областа да стане Истахр. Првите научни истражувања биле извршени во текот на 1930 година од страна на универзитетот во Чикаго.[1][2][3][4][5]

Кратки факти светско наследство на УНЕСКО, Критериум ...

Од 1979 година, градот е под заштита на УНЕСКО.

Remove ads

Историја

Во текот на својата историја, градот бил престолнина на Персија во времето на династија Ахмениди. Во околу 512 п.н.е. кралот Дариј I започнал со изградба на голема императорска палата, кои во следните години била надоградувана од страна на неговите наследници, неговиот син Ксеркс I, и неговиот внук Артаксеркс I. И покрај тоа што во тоа време како најголеми администратирни центри се сметале Суза, Вавилон и Екбатана, улогата на Персеполис започнала да се зголемува во политичкиот живот на империјата.

Во текот на 330 п.н.е., во времето на азиските освојувања, Александар Македонски успеал да го освои градот и целосно да го ограби, по кое во главната палата избило голем пожар кој го уништил скоро целиот комплекс. Според некои историчари, ова претставувало одмазда на Александар Македонски за персиското разрушување на Атина во времето на грчко-персиските војни. Од 316 п.н.е., Персеполис и понатаму ја имал улогата за главен град, но овој пат во новонастанатата држава по смртта на Александар. Значењето на градот во времето на Селевкидската Империја започнало да опаѓа. Во 3 век п.н.е. градот Истахр станал новата престолнина на империјата.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads