Петар Ангелов
Македонски ракометар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Петар Ангелов (8 март 1977 , Кавадарци), познат под прекарот Диви, ― македонски ракометар, кој игра на позицијата голман. Тој го носи прекарот „Диви“ поради неговата способност да направи добра атмосфера, како на теренот така и на трибините, особено при неговите одбрани.
Remove ads
Животопис
Петар Ангелов е оженет и е татко на три деца.
Кариера
Во својата плодна кариера, Ангелов има играно во македонските ракометни клубови Кавадарци, Металург, Пелистер и Вардар, како и во францускиот Трембле.
Особено блескави настапи, Ангелов остварил во дресот на „Вардар“, каде дошол во 2013 година. Така, во Лигата на шампионите, во сезоната 2013-2014, во осминафиналниот натпревар против „Хамбург“, како и во четвртфиналниот натпревар против „Флензбург“, Ангелов имал голем придонес во победите на „Вардар“. Во декември 2014 година, тој го продолжил договорот со „Вардар“ на уште две години, до јуни 2017 година.[1]
На почетокот на 2018 година, тој потпишал за австрискиот клуб Кремс.[2]
Репрезентативна кариера
Ангелов бил стандарден македонски репрезентативец во периодот од 2002–2016 година, и бил дел од составот на македонската репрезентација на Светското првенство 2009 како и на Европските првенства одржани во 2012 и 2014 година. Ангелов исто така бил дел од македонскиот состав на Светското првенство 2015.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads