Петре Богданов - Кочко

политичар From Wikipedia, the free encyclopedia

Петре Богданов - Кочко
Remove ads

Петре Богданов - Кочко (Скопје, 12 март 1913 - Скопје, 22 февруари 1988 ), македонски композитор, оперски пејач (тенор) и организатор на музичкиот живот во Македонија. Категоризиран е во првата генерација македонски повоени композитори.

Кратки факти Петре Богданов - Кочко, Животописни податоци ...

Учесник е во НОВ на Македонија. Во Агитпропот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ ја вршел функцијата референт за школство со задача на слободната територија во Западна Македонија во периодот септември-декември 1943 година да ги организира првите училишта на македонски јазик. Во 1944 година работи околу прашањето на Македонците од Егејска Македонија. Во својство на претставник на Главниот штаб на НОВ и ПОМ определен период е присутен во Егејска Македонија каде ги координира активностите на македонското националноослободително движење од Егејска Македонија со грчкото народноослободително движење.[1] Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ.

По војната, еден е од основачите на Операта на Македонскиот народен театар и на првото музичко училиште, прв претседател на Друштвото на музичарите на Македонија. Како пејач оствари низа значајни улоги.

Remove ads

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads