Петре Чангов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Петре Кртов Чангов ( 1915 во Побожје — 1944 во Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Како сирак уште од рани години слугувал кај поимотни соселани. Основно училиште завршил во родното место. Априлската војна го затекнала на отслужувањето на воениот рок. Како војник бил заробен, а подоцна пуштен. По доаѓањето во родното место, развил интензивна активност во помагањето на народноослободителното движење. Неговата активност била забележана од непријателот, поради тоа во 1942 година бил задржан три месеци во истражниот затвор во Скопје. Потоа бил интерниран во Момчиловград во Бугарија, каде останал до март 1943 година. По враќањето од интернација одново се вклучил во народноослободителното движење. Од малтретирањето во окупаторската бугарска фашистичка полиција, се разболел и бил на лечење во болница. Во август 1944 година стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби против балистите и германските моторизирани колони во Качаничката Клисура. Кон крајот на октомври 1944 година, во една борба против непријателот, бил тешко ранет од минофрлач, од што подоцна и починал.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads