Пештерница

село во Општина Неготино From Wikipedia, the free encyclopedia

Пештерница
Remove ads

Пештерница — село во Општина Неготино, во околината на градот Неготино.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во источниот дел од областа Тиквеш, од левата страна на Вардар, на подножјето на Конечка Планина. Селото е ридско на надморска височина од 420 метри. Од градот Неготино населбата е оддалечена 13 километри.

Историја

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

За време на Османлиското Царство во селото се населиле Турци - Јуруци, кои во минатото заедно со другите јуручки села од Тиквешијата, ја формирале тиквешката јуручка оаза.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пештерница живееле 110 жители, сите Турци.[2]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци и 25 до 50 Власи.[3]

Во 1953 година, во селото живееле 195 жители, од кои 109 Турци, 49 Власи, 1 Македонец и 43 останати.

Иселувањето на турското население по Првата светска војна, а уште помасовно и во средината на педесеттите години од XX век, го зафатило и селото Пештерница, но е едно од селата кои потоа не продолжило да егзистира, ненаселувајќи го друго население. Во 2002 година, селото е целосно раселено и нема жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови

Пештерница било турско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

  • Староседелци: Бајрамчевци (5 к.), Беќировци (2 к.) и Халимовци (2 к.) мешајќи се со Турците Јуруци го научиле турскиот јазик.
  • Доселеници: Беќировци (1 к.) доселени биле околу 1860 година од Неготино; Аметлер (1 к.) доселени биле околу 1870 година од селото Горни Промет, по потекло Јуруци; Вејселер (1 к.) и Еминлар (1 к.) доселени биле во 1900 година од селото Горни Промет, по потекло Јуруци.[8]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1228 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница. на селото Пепелиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 840 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Во близина на селото постоеле селата Горни и Долни Промет кои биле уништени, а 20 семејства се иселиле во Турција.[8]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads