Пикометар

единица за должина From Wikipedia, the free encyclopedia

Пикометар
Remove ads

Пикометар (симб. pm, пм) — единица за должина во метричкиот систем еднаква на еден билионити дел (11.000.000.000.000) од метарот. Може да се претстави во научен запис како 1×1012 м или како 1 E−12 м во инженерски запис. Попрост начин на претставување е 1 м / 1.000.000.000.000.

Thumb
Упростен приказ на хелиумски атом, кој има пречник од 62 пикометри[1]

Еден пикометар е еднаков на една милионитина од микрометарот (микрон) и порано се нарекувал микромикрон, стигма или бикрон со симбол µµ.[2][3] Сто пикометри сочинуваат еден ангстрем.

Remove ads

Примена

Пикометарот е мошне мала единица и се користи исклучиво во честичната физика, квантната физика, хемијата и акустиката. Атомите имаат пречник помеѓу 62 и 520 пм, а типичната должина на единечна јаглеродно-јаглеродна врска изнесува 154 пм. Големината на помали честички како делови од атомот, хадроните итн. се изразуваат во помали мерки, сè до горната граница на точкестите фермиони.

Во 2034 г. се предвидува да се пушти сондата Ласерскоинтерферометарска вселенска антена (LISA) со цел неспоредно да го утврди присуството на гравитациски бранови. Релативното поместување на брановите ќе се мери со разделна моќ од 20 пикометри, на растојание од 5 милиони километри, давајќи чувствителност од 1 на 1020.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads