Пилав Тепе
вулканска купа кај Шопур, Штипско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пилав Тепе — вулканска купа во клисурата на Маденска Река, десна притока на Крива Лакавица, на околу 12 километри западно од Радовиш. Купата е во склоп на Дамјанско-бучимската палеовулканска област, која зафаќа површина од 26 км2.[1]
На падините на овој вулкански рид е сместено истоименото археолошко наоѓалиште, каде е откриена неолитска населба, како и градиште од римско време.
Remove ads
Особености
Пилав Тепе е од десната страна на Маденска Река и има типичен конусест изглед, со истакнатост од околу 100-120 метри и надморска височина од 566 метри. Составена е од мошне цврсти, компактни андезити, што укажува на експлозивен вулканизам, кој е одреден како миоценски.[1]
Освен Пилав Тепе и соседната купа Плоча, на 1 километар источно од Пилав Тепе има уште едно конусно возвишение, кое најверојатно е паразитска купа на главниот вулкански центар.
Remove ads
Галерија
- Воздушен поглед на Пилав Тепе
- Поглед на Пилав Тепе
- Воздушен поглед на Пилав Тепе
Поврзано
- Пилав Тепе — археолошкото наоѓалиште во месноста
- Лакавичка Котлина
- Вулканизам во Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads