Пинцета

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Пинцета[1][2] (француски: pincette) — вид на алатка - фаќалка.[3] Се состои од два еластични лоста меѓусебно поврзани од едната страна со нивните краеви. Пинцетите се користат за фаќање мали предмети, како и за оние што не треба да се допираат со раце.[4]

Thumb
Пинцета

Историја на пинцетата

Пинцетите се развиле од машите кои биле до огништата и шпоретите и со кои се прифаќале запалени и врели предмети во и околу огнот. Спаѓаат во рани медицински инструменти. Пронајдени се при многу археолошки ископувања кои датираат од времето пред нашата ера. Ги де Шолијак (втора половина на XIV век) ги советува хирурзите „со себе да носат“, покрај лекови, меѓу шесте хируршки инструменти и пинцета.[5]

Remove ads

Принципот на работа со пинцети

Пинцетата е еден вид лост од трета класа. Се состои од два еластични краци поврзани во една точка - т.н. потпора. Прстите на раката се притискаат во средината на еластичните краци, со приближување кон кои индиректно, а не со рацете, се прифаќаат предмети.[6]

Видови и употреба на пинцети

  • Хируршки инструмент за фаќање ткиво
  • Анатомска пинцета без заби
  • Козметички уред (кубење веѓи)
  • Пинцета во електронски и други индустрии
  • Пинцета во филателијата и нумизматиката
  • Пинцета во печатарство со која се извлекуваат букви и тенки празни места[3]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads