Фаќалки
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фаќалки (од глаголот фаќа) или маша[1][2][3] (турски: maşa) — направа (алатка) за фаќање одредени предмети. Тие можат да бидат со различни облици и големини според функцијата. Поделени се во класи:
- Фаќалки, чии краци завршуваат со кружен дел, а најчесто се користат за земање јаглен за скара или за храна на скара.
- Фаќалки што се состојат од обичен свиткан метал, а најчесто се користат за коцки шеќер, мраз и слично.
- Фаќалки за послужување храна (салата, месо, леб...) на трпеза или на шведска маса.
- Градежни фаќалки
- Фаќалки за трупци
- Вакуумски индустриски фаќалки.

Има и фаќалки направени од специјални материјали кои се користат за земање предмети од киселини или други опасни течности.
Remove ads
Наводи и белешки
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads