Пиперка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пипер (науч. Capsicum annuum, разг. пипер) — повеќегодишно зеленчуково растение од фамилијата зрнци (Solanaceae), слично на компирот. Може да има благ и лут вкус и се употребува за исхрана на луѓе и животни, во свеж, готвен и преработен (во зачини, ајвар, конзевиран во туршија) облик. Потекнува од јужните делови на Северна Америка, Средна Америка и северните делови на Јужна Америка, од каде што е распространета ширум светот, а особено застапена и во Македонија. Во Македонија во 2010 година се произведени 168.150 тони пиперки[2].
Remove ads
Одлики
Родот на пиперката опфаќа едногодишна билка, во висинa до 1 м. Листовите на пиперката се јаjцести со шилести врвови. Цветаат во мај, а цветовите и се бели, црвени, светложолти или виоилетови. Плодот е топчест или долгнавест. Мирисот и вкусот на плодовите е (благ, сладок до извонрендо лут) се зависи од сортата и зрелоста. Долж нервите постојат жлезди кои синтетизираат алкалоид , капсаицин („одговорен“ за лутината и лековитост на пиперката). Основниот број на хромозом е x=12[3].
Remove ads
Видови (сорти) на пиперки
Постојат мноштво имиња за плодовите на поединечни сорти на пиперка. Најпознати видови на пиперки се: феферони, бабура, чили, ајварка (куртовска капија), зелена дуга, сиврија. Чили е назив за неколку врсти и сорти на пиперка, кои се одгледуваат на територијата на Мексико уште од 3000. година п.н.е.[4]
Систематизација и географско потекло на родот
Родот -{Capsicum}- опфаќа околу 25 видови. Постои претпоставка дека голем број на сортите е уште поголем и дека со деталните истражување на Неотрописот ќе се опишат и нови видови.[5] Еден од проблемите на класификацијата на сортите внатре родот е прашање на сродноста на три од вкупно четири одгледувани сорти (-{Capsicum annuum, Capsicum frutescens}- и -{Capsicum chinense}-). Поедини автори ги сметаат одвоени со сестринските видови[5], додека -{Pickersgill}-[6] и сметаат дека статусот на посебни видови е нелегитимен.
Употреба во исхраната
Пиперката се користи како зеленчук, зачин и лек. Исто така се користи свежа, конзервирана како (туршија), сува или сува мелена (или „толчена“).
Пиперките, со просечна потрошувачка од 65,4 кг по домаќинство, е 2. зеленчук според употребата во Македонија во 2017 година[7].
Галерија
- Пиперки растат на нива во с.Миравци, Гевгелиско
- Пиперки растат на нива во с.Миравци, Гевгелиско
- Пиперки растат на нива во с.Миравци, Гевгелиско
- Пипер во с.Трубарево
- Пипер во с.Трубарево
- Пиперки од сортата „ајварка“
- Пиперки везени во с.Љубојно
- Пиперки на тераса во с.Љубојно
- Пиперки во с.Љубојно
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads