Феферон

From Wikipedia, the free encyclopedia

Феферон
Remove ads

Феферони (разг. феферонки) — сорта од родот на пиперките. Се одликуваат со мал, тенок и долгнавест изглед и раст и изразито лут вкус. Се користат во исхраната на луѓето во свежа, преработена и конзервирана форма. Особено многу е распространета во областа Калабрија во јужна Италија и во Струмичко во Македонија.

Кратки факти Феферони, Научна класификација ...
Remove ads

Историја

Фефероните најверојатно доаѓаат од Италија во почетокот на 16 век, откако Колумбо земал примероци од Новиот Свет во Европа во 1492 година. Како и доматот, фефероната за првпат се сметала за декоративно и можеби отровно растение пред да биде усвоена во италијанската кујна. Можеби станала популарна, како храна долго пред да се потврди нејзината употреба во официјалните книга со рецепти за готвење. Овие книги биле напишани за горните класи, додека фефероните биле евтина и практична храна за пониските класи.[1]

Пјетро Андреа Матиоли за првпат ги опишал феферонките во 1568 година како многу полути отколку другите видови на пиперки од Азија. Фефероните биле употребувани во рецепт за готвач за првпат во 1694 година, од страна на неаполитанскиот готвач Антонио Латини. Во неговиот рецепт за "Салса од Шпанија сецкани феферони, домати и кромид се комбинирани со пеперминт, сол и масло, за да се служи како Релиш.[2]

Remove ads

Употреба во исхраната

Thumb
Толчени феферони се продаваат на пазарот во Сиракуза, Сицилија

Во италијанската кујна фефероните се користат со модерација и вкусот се смета за поважен од лутината. Како последица на тоа, рејтингот Сковиле служи само како груб водич за лутината, кој е доста различен меѓу различните сорти.[3]

Фефероните се особено важни во калабриската кујна. Кон крајот на летото, фефероните се зашиени на жици и обесени на згради. Тие се оставаат да се исушат на места со сончева светлина и вентилација за да ги сочуваат, дозволувајќи им нивно користење при готвење до следната жетва. Тие се јадат целосно, пржени до свежи, смачкани, во прав или како паста.[4] Типичните феферони од Калабрија изнесуваат од 15,000[5] до 30,000[6] на Сковиле скалата за рејтинг.

Значајни калабриски јадења, кои користат пеперонини, се додаток за бомба Калабрезе и свинскиот колбас "Нудуа". Исто така се користат и во јадења од други регионални кујни од Јужна и Централна Италија, како што е сосот Роман Арабабиата.

Во Македонија, феферонките се користат најчесто во конзервирана форма, односно поткиселени како туршија во тегли. Феферонката во македонската кујна се јаде како цел плод вообичано за збогатување на вкусот и апетитот во традиционалните јадења како Пастрмајлија, печено месо и компири.

Remove ads

Култура

Од 1992 година, во градот Диаманте во Калабрија се одржувало годишниот фестивал Пеперончино. Организиран од Академијата Италијана дел Пеперончино, фестивалот сега привлекува десетици илјади посетители. Се одржува четири дена околу првиот викенд на септември на шеталиштето во градот. Фестивалот има голем пазар каде што се продаваат локални прехранбени производи направени со феферони и се одржува натпревар за истите.[7]

Галерија

Наводи

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads