Пискупија (Поградец)

село кај Поградец From Wikipedia, the free encyclopedia

Пискупија (Поградец)map
Remove ads

Пискупија или Пешкопија (албански: Peshkëpi, Пешк'пи) — село во Општина Поградец, Област Горица, југоисточна Албанија. Населено е со Македонци.[1]

Кратки факти Пискупија Peshkëpi, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во северозападниот дел на планината Сува Гора, околу 10 км од градот Поградец, во непосредна близина на границата со Македонија, на надморска височина од 1.090 м. Сместено е над десната страна на реката Черава, која тече низ мала долина до самата државна граница.[2]

Историја

Според месни преданија, во минатото селото било седиште на епископија, од која доаѓа неговото име. Подоцна, било забележано под името Епископи во гравура на Христофор Жефарович од 1743 година.[3]

Во XIX век Пискупија било македонско село во Старовската Каза на Горичкиот Санџак.

Сè до 2015 година, селото било во состав на Општина Старово.

Културни и природни знаменитости

Цркви

  • Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — средновековна црква[4]

Личности

Родени во Пискупија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads