Пичуѓа
село во Гребенско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пичуѓа или Пичунгија (грчки: Δασοχώριον, Дасохори) – село во Република Грција, во општината Дескати, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 161 жител.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на околу 6 км јужно од Дескати, 65 км југоисточно од Гребен на надморска височина од 750 м. Географски селото ѝ припаѓа на Тесалија, а административно на Западна Македонија.
Историја
За време на Османлиското Царство
Селото Пичуѓа се споменува во документи од XV век.[2]
По присоединувањето на Тесалија на Кралството Грција во 1881 година, Пичуѓа останува под власта на Османлиското Царство во рамките на Еласонската Каза. Новата османлиско-грчка граница минува на неколку километри јужно од селото. Според грчката атинска статистика од 1910 година во Писугја (Πισούγια) живееле 210 Грци христијани[3]
Во Грција
За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Пичуѓа станува дел на Кралството Грција.
Во 1927 година името на селото е променето во Дасохори.
Remove ads
Демографија
Пописи
Движењето на населението по години е следното[4]:
- 1913 – 171 жител
- 1920 – 149 жители
- 1928 – 182 жители
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads