Пијалак

течност предвидена да се пие од човек From Wikipedia, the free encyclopedia

Пијалак
Remove ads

Пијалак (нестандардно: пијалок) — течност, специјално припремена за човечко конзумирање. Пијалаците може да се поделат на разни групи како што се чиста вода, алкохол, безалкохолни пијалаци, газирани пијалаци, овошен или зеленчуков пијалак на пример како што е лимонадата. Покрај тоа што ги задоволуваат основните потреби, пијалаците се дел од културата на човечкото општество.

Thumb
Алкохолни пијалаци

Алкохолни пијалаци

Алкохолниот пијалак е вид на пијалак кој содржи етанол, исто така познат како алкохол (иако во хемискиот термин алкохол подразбира многу други смеси). Пивото било дел од човечката култура дури од пред 8000 години.[1] Во многу земји, пиењето алкохолни пијалаци во локалните барови или пабови е културна традиција.[2]

Безалкохолни пијалаци

Под овој поим се подразбира пијалак кој воопшто не содржи алкохол. Меѓутоа, покрај водата како главна состојка, содржи засладувачи и ароми. Во газираните пијалаци спаѓаат: лимонада, ладни чаеви, топла чоколада, сода вода итн. Ова се пијалаци кои не содржат алкохол или го содржат во многу мали количини. Во оваа категорија спаѓаат и безалкохолни пива, вино и јаболкова ракија, ако содржат помалку од 0,5 % алкохол.

Remove ads

Производството на пијалаци во Македонија

Повеќе информации Претпријатие, Приход (во мил. денари) ...
Повеќе информации Претпријатие, Број на вработени ...

Во 2019 година, во Македонија имало 156 претпријатија за производство на пијалаци. Од нив, 9 биле големи, 16 средни, 34 мали, а 97 биле микропретпријатија. Притоа, 72 претпријатија се занимавале со производство на вино, 54 претпријатија произведувале освежителни пијалаци и вода, 19 се занимавале со дестилирање алкохолни пијалаци, 7 произведувале пиво, 3 произведувале други недестилирани, ферментирани пијалаци, а едно претпријатие произведувало слад. Дури 50 претпријатија имале седиште во Скопје, 16 биле сместени во Кавадарци, 11 во Неготино, по 7 во Велес и во Штип, а по 6 во Битола, во Гевгелија и во Струмица. Во 2019 година, најголемите 20 претпријатија оствариле приход од 14 милијарди денари, а 64% од нив биле остварени во најголемите три претпријатија. Добивката на најголемите 20 претпријатија во 2019 година изнесувала 1,45 милијарди денари. Најпосле, овие 20 претпријатија вработувале 2 137 работници. Според приходот, добивката и бројот на вработените, најголемо претпријатие за производство на пијалаци е „Пивара Скопје“ која во 2019 година остварила приход од 5,3 милијарди денари и добивка од 981,4 милиони денари, а имала 371 вработен. Второто најголемо претпријатие во оваа индустрија е „Прилепска пиварница“, која во 2019 година имала приход од 1,9 милијарди денари и имала 266 вработени. Третото најголемо претпријатие е ВВ „Тиквеш“, со приход од 1,78 милијарди денари, добивка од 166,4 милиони и 198 вработени. Најпосле, меѓу петте најголеми претпријатие биле и „Кожувчанка“ (со приход од 767 милиони денари) и „Кодинг - Горска“ (со приход од 462,8 милиони денари). Индустријата за производство на пијалаци учествува со 4,03% во вкупното индустриско производство на Македонија. Во јули 2020 година, просчената нето-плата во претпријатијата за производство на пијалаци изнесувала 30 191 денар и била за 10,8% поголема од просечната плата во Македонија.[5]

Повеќе информации Претпријатие, Добивка (во мил. денари) ...
Remove ads

Пијалаците како мотив во уметноста и во популарната култура

Пијалаците во книжевноста

Пијалаците во народното творештво

  • „Вино пијам ем ракија“ - македонска народна песна.[7]

Пијалаците во популарната музика

  • „Кој ми го истури пивото“ (англиски: Who spilt my beer) — песна на британската панк-рок група „Адиктс“ (The Adicts).[8]
  • „Шише виски“ (англиски: Whiskey Bottle) — песна на американската рок-група „Анкл Тупело“ (Uncle Tupelo).[9]
  • „Лош пијалак“ (англиски: Bad Liquor) — песна на американската рок-група American Music Club од 1988 година.[10]
  • „Ода за моето омилено пиво“ (англиски: Ode to my favorite beer) — песна на американската група „Бејсхед“ (Basehead) од 1992 година.[11]
  • „Бокал полн со бурбон“ (англиски: Jockey Full Of Bourbon) — песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[12]
  • „Придржи ми го пијалакот“ (англиски: Hold My Liquor) - песна на американскиот рапер Kanye West од 2013 година.[13]
  • „Кока кола“ (англиски: Koka Kola) — песна на англиската рок-група „Клеш“ (The Clash) од 1979 година.[14]
  • „Страв и виски“ (англиски: Fear and Whiskey) — музички албум на англиската рок-група „Меконс“ (The Mekons) од 1985 година.[15]
  • „Потоци од виски“ (англиски: Streams of Whiskey) — песна на ирската рок-група „Поугс“ (The Pogues) од 1984 година.[16]
  • Сок од портокал“ (англиски: Orange Juice) — шкотска рок-група.[17]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads