Том Вејтс

From Wikipedia, the free encyclopedia

Том Вејтс
Remove ads

Томас Алан Вејтс (роден на 7 декември 1949) е американски пејач-текстописец, композитор и актер. Вејтс поседува специфичен глас, еднаш опишан од страна на еден критичар „како да е наводенет во сад со бурбон, оставен да виси неколку месеци во пушална и потоа изнесен надвор и неколкупати прегазен со автомобил“.[1] Преку неговиот препознатлив рев, преку инкорпорирањето на раниот рок со музички стилови од типот на блуз, џез и водвиљ, како и преку постојаната тенденција кон експериментирање и желба за кокетирање со индустриската музика,[2] Вејтс има изградено една потполно оригинална и дистинктивна музичка персона. Има работено како композитор и на филмска музика, а исто така и на музичката подлога на низа мјузикли. Во неколку филмови се појавува и како глумец, а од улогите особено се издвојуваат оние во Кралот Рибар и Дракула. Номиниран е за оскар за работата на саундтракот.

Кратки факти Том Вејтс, Основни податоци ...
Thumb
Tom Waits

Потполно лирични, песните на Вејтс се склони кон прикажување на атмосферични портрети на бизарни, злокобни ликови и места, иако има афинитет и кон доста поконвенционални балади. Има култен статус и огромно влијание врз многу текстописци, макар што многу ретко се емитува на радио и уште поретко неговите песни се пропратени со спотови. Токму поради ова, голем дел од неговите песни, на пошироката јавност ѝ се познати преку нивните кавер верзии направени од некои други музичари — на пример "Jersey Girl" која ја изведува Брус Спрингстин, "Downtown Train" која е хит на Род Стјуарт и "Ol' '55" свирена од Иглс. Во едно интервју од 2005 година, и Боб Зегер ќе рече дека музиката на Том Вејтс била инспирација за низа негови песни. Иако во САД албумите на Вејтс се среќаваат со различен и не секогаш забележителен успех, често постигнуваат златен тираж во многу европски земји. Номиниран е за многу важни награди; има и добиено Греми награди за два свои албуми.

Моментално живее во Калифорнија со својата жена - која често ја нарекува своја муза - и нивните три деца.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads