Планинарски дом „Љуботен“

планинарски дом во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Планинарски дом „Љуботен“ — прв и најстар планинарски дом во Македонија, изграден во 1931 година. Домот е сместен на 1.630 метри надморска височина, под истоимениот врв.[1]

Кратки факти Планинарски дом „Љуботен“, Надм. вис. ...
Remove ads

Историја

Љуботен е прв и најстар планинарски дом во Македонија, изграден во 1931 година.[1]

Планинарскиот дом во текот на 2016 година бил реновиран и била извршена реконструкција на кровот.[2]

Местоположба

Домот се наоѓа на височина од 1630 м. До него се стигнува од Тетово до Старо Село по асфалтен пат, а од Старо Село до домот по макадам пат или маркирана патека која започнува од информативната табла во селото. Планинарскиот дом Љуботен е прв и најстар дом во Република Македонија изграден 1931г. Домот е поставен над букова шума и од него се отвора поглед кон полошката котлина, врвот Љуботен, Козја Стена, Ливадица и Пирибег.[3]

Remove ads

Пристапност

До домот се стигнува од селото Старо Село од каде води макадам пат, но и обележана патека, која започнува од информативната табла во селото.[1]

Особености

Домот е отворен во текот на целата година, иако е пожелно најавување кај домарот.[1]

Капацитетот на домот е 35 легла, заедничка трпезарија и кујна. Домот има постојана електрична енергија и вода.[1]

Во домот може да се најави пијалак и храна, а по потреба и желба се подготвуваат и традиционални јадења.[1]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads