Старо Село (Тетовско)

село во Општина Јегуновце From Wikipedia, the free encyclopedia

Старо Село (Тетовско)map
Remove ads

Старо Село — село во Општина Јегуновце, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во северниот дел на областа Долни Полог, оддалечено 25 километри северно од Тетово. Западно од селото се издига Шар Планина.

Историја

Селото се споменува во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделе од 1626 - 1627 година и е забележано како село Истаросел со 54 домаќинства.[2]

Во XIX век, Старо Село било село во Полошката нахија во Тетовската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Thumb
Семејство од Старо Село во почетокот на XX век
Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Старо Село живееле 215 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Старо Село имало 240 Македонци, патријаршисти.[4]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Сиричино било село во Рогачевска општина и имало 33 куќи си 296 жители, сите Македонци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]

Старо Село е средно по големина село, коешто имало 424 жители во 1961 година, додека во 1994 година 230 жители, македонско население.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 217 жители, од кои 212 Македонци и 5 Срби.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 185 жители, од кои 169 Македонци, 6 Срби, 3 останати и 7 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Старо Село е македонско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

Родови во селото се:

  • Јањовци (20 к.), староседелци. Се делат на Богојевци, Кировци, Синадиновци и др. Имаат иселеници во Јегуновце, Жилче и во Бугарија (едно семејство).
  • Вељановци (20 к.), староседелци. Имаат иселеници во Беловиште и во Тетово (едно семејство, таму изумреле).
  • Бошкоќевци (7 к.), Староседелци. Имаат иселеници во Ратае (Исајлоски) и во Тетово, али таму изумреле.
  • Караџини (1 к.), староседелци.
  • Краговци (2 к.) доселени се од соседното сега албанско село Орашје. Во Орашје живееле двајца браќа Краго и уште еден на кого не се сеќаваат како се викал. Овој вториот брат во Орашје преминал на ислам, од него сега таму е родот Кулаш (18 к.). Краговци во Старо Село се сметаат за стари доселеници. Имаат иселеници во Јегуновце[13]
Remove ads

Општествени установи

Цркви

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2130 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 216 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

  • Градиште, населба од неолитското време. Северно од селото, во правецот на селото Рогачево, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, куќен лепеж и орудија од камен и кремен.
  • Дубје, некропола од римското и доцноантичкото време. На јужната периферија на селото, на една од мала височинка се откриени гробови. При заштитните археолошки ископувања извршени во 1982 година се најдени бронзени монети, токи и друго. Наодите се чуваат во Музејот на тетовскиот крај
  • Цветков Рид, населба од доцноантичкото време. Југоисточно од селото, под асфалтниот пат, на голема површина се среќаваат фрагменти од керамички садови , питоси, тегули и множтво градежен материјал.
Remove ads

Редовни настани

Личности

Личности родени во Старо Село:

Култура и спорт

Од Старо Село започнуваат и водат планинарски патеки кон врвот и планинарскиот дом Љуботен, а исто така од тука започнува и патеката по трасата на „Првата - Западна македонска трансверзала“.

Иселеништво

Од ова село иселеници има во Жилче (Данајловци 3 к.), Јегуновце (Ѓуклевци 1 к.), Ратае (Исајловци), итн. Иселеници има и во Тетово и Бугарија.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads