Планинарски дом „Вртешка“
планинарски дом во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Планинарски дом „Вртешка“ — планинарски дом во Македонија, сместен на надморска височина од 1.080 метри, во селото Вртешка, на планината Плачковица.
Местоположба
Домот се наоѓа на надморска височина од 1.080 метри во самото село Вртешка, на околу 35 километри од градот Штип.[1] До него води асфалтен пат, чиј последен крак од 2 километри бил направен во 2019 година.
Историја
Планинарскиот дом во минатото го носел името „Участок“.[2]
Денес, домот е обновен и е управуван од страна на планинарското друштво „Лисец“ од Штип.[2] Во 2020 година со средства од Светска банка домот бил обновен и започнале активности за негова надградба со што би се добиле легла за 120 посетители.[3]
Особености
Домот располага со повеќекреветни соби за 40-тина посетители, голема трпезарија со камин и кујна. Домот има струја, вода и централно греење.[2][2] Домот има отворен карактер, а во него треба да се најавите.[1]
Патеки
Галерија
- Поглед на домот
- Влезот
- Домот
- Поглед на домот, заедно со селската црква „Св. Ѓорѓи“
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads