Црква „Св. Ѓорѓи“ - Вртешка

црква во селото Вртешка, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Вртешкаmap
Remove ads

Свети Ѓорѓи — главна селска црква во плачковичкото село Вртешка, Македонија.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата се наоѓа во самото село, веднаш до обновениот планинарски дом „Вртешка“.

Remove ads

Местоположба

Црквата е сместена на крајот на асфалтираниот пристап, кој се спушта од регионалниот пат до некогашното село Вртешка и планинарскиот дом.

Историја

Црквата била подигната како параклис во 2005 година од страна на дарители од Штип и истата година е извршено мало осветување.[1]

Архитектура

Фрескоживопис

Црквата е фрескоживописана од страна на зографот Златанов од Скопје.

Камбанарија

Во 2010 година, црквата добила камбанарија, која истата година била и осветена од страна на митрополитот г. Иларион. Камбанаријата била донација на модната конфекција Беас-Астибо и членовите на планинарското друштво „Лисец“ од Штип.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads