Плачи, сакана земјо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Плачи, сакана земјо“ е британски филм, драма од 1951 година, режиран од Золтан Корда, со Сидни Поатје, Чарлс Карсон и Канада Ли во главните улоги. Филмот бил базиран врз истоимениот роман напишан од Алан Патон.
Содржина
Од зафрлен дел на Јужна Африка, црниот свештеник Стивен Кумало патува во Јоханесбург за да ѝ помогне на својата сестра, за која е пријавено дека е болна, и да го бара својот син, кој го напуштил домот и не одржувал контакт. Исто така, е замолен да ја посети ќерката на некој што не слушнал ништо за неа веќе некое време. Со помош на колегата свештеник, преподобниот Мсимангу, Кумало открива дека неговата сестра, проститутка со мал син, го напуштила домот за да го најде својот сопруг, но не успеала да го најде и била затворена во затвор. Тој открива дека неговиот син забременил млада девојка, и дека е крадец и убиец. Двајцата живеат во сиромашна урбана заедница. Свештениците се соочуваат со суровата реалност на апартхејдот и неговите штетни ефекти врз земјата.
Remove ads
Улоги
- Канада Ли како Стивен Кумало
- Сидни Поатје како Реверенд Мсимангу
- Чарлс Карсон како Џејмс Џарвис
- Џојс Кери како госпоѓа Џарвис
- Џефри Кин како отец Винсент
- Мајкл Гудлајф како Мартенс
- Едрик Конор како Џон Кумало
- Лајонел Нгакане како Абсолом
- Вивијен Клинтон како Мери
- Албертина Темба како госпоѓа Кумало
- Чарлс Мекри како пријател на Кумало
- Рибон Дламини како Гертруда КУмало
Продукција
„Плачи, сакана земјо“ бил првиот голем филм снимен во Јужна Африка, со ентериери снимени во Велика Британија во студијата Шепертон.[1] Бидејќи Јужна Африка била под апартхејд, ѕвездите Сидни Поатје и Канада Ли и продуцентот/режисер Золтан Корда ги информираче јужноафриканските имиграциски власти дека Поатје и Ли не се глумци, туку се договорени слуги на Корда. По работата на филмот, Ли планирал да подготви целосен извештај за животот во Јужна Африка. Тој бил повикан да се појави пред Комитетот за неамерикански активности на Претставничкиот дом за да ги објасни своите постапки, но починал од срцев удар пред да може да сведочи.
Објавување
Филмот ја имал својата премиера на 23 јануари 1952 година во театарот Бижу во Њујорк.[2]
Прием
Филмот има рејтинг од 89% на Rotten Tomatoes.[3] Меѓу оние што го пофалиле филмот бил и Босли Кроутер во Њујорк Тајмс, кој изјавил: „Тешко е да се оддаде соодветна правда на добрите квалитети на овој филм или на храброста и вештината на г-дин Корда во пренесувањето на толку тешка и отрезнувачка тема.“[4]
Награди
Филмот добил бронзена мечка на Берлинскиот меѓународен фестивал,[5] а бил номиниран за Златна палма во 1952 година на Канскиот фестивал.[6]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads