Пливање на Летните олимписки игри 2020
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Натпреварувањата во пливање на Летните олимписки игри 2020 во Токио требало да се одржат од 25 јули до 6 август 2020 година во Олимпискиот центар за водни спортови. Женскиот маратон на отворени води на 10 километри требало да се одржи на 5 август, а трката за мажи требало да се случи 2 дена подоцна (7 август) во Одаиба. Сепак, поради пандемијата на КОВИД-19, игрите биле одложени за 2021 година. Сепак, нивното официјално име останало Летни олимписки игри 2020, а настаните во пливање добиле нови термини и ќе се одржат од 24 јули до 1 август 2021 година, додека маратонското пливање ќе биде на 4 и 5 август 2021 година.[1]
Пливањето содржи рекордни, вкупно 37 дисциплини, (18 за секој пол и една мешана), со додавање на 800 метри слободен стил во машка конкуренција, 1500 метри слободен стил за жени и мешана штафета 4 × 100 м.
Remove ads
Дисциплини
Пливањето на Олимписките игри во 2020 година ќе има вкупно 37 дисциплини, (18 за мажи и жени и една мешана), вклучително и два маратони на отворена вода од 10 км. Ова претставува мало зголемување во бројот на дисциплините, бидејќи на претходните игри биле застапени 34 дисциплини. Натпреварувањата ќе се одржат во следниве (сите настани во базенот се долги, а растојанијата се во метри освен ако не е поинаку наведено):
- Краул: 50, 100, 200, 400, 800, и 1,500;
- Грбно: 100 и 200;
- Градно: 100 и 200;
- Делфин: 100 и 200;
- Мешано: 200 и 400;
- Штафета: 4×100 слободно, 4×200 слободно; 4×100 мешано (мажи, жени, и мешано)
- Маратон: 10 километри
Remove ads
Распоред
С | Серии | ½ | Полуфинале | Ф | Финале |
M = Утринска сесија, започнува во 10:30 месно време (01:30 UTC).
E = Вечерна сесија, започнува во 19:00 месно време (10:00 UTC).
Remove ads
Освојувачи на медали
Мажи
Жени
Мешано
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads