Пловдина

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пловдина
Remove ads

Пловдина - стара балканска сорта грозје.

Thumb
Сорта „сланкаменка“
Thumb
Засад на „сланкаменка“

Виногорја и синоними

Тоа е првенствено балканска сорта. Најмногу се одгледува во Србија, но и во соседните земји: Македонија, Бугарија, Романија, Грција, Албанија.

Според Правилникот за изменување на Правилникот за класификација на препорачани и одобрени сорти на грозје за производство на вино за секоја лозарска област за производстство на вино[1] пловдина е препорачана сорта во Гевгелиско-валандовското и во Струмичко-радовишкото виногорје.

Позната е под различни имиња: црвена сланкаменка, радовишка пловдина, памид, росоара, коплик, манакуки и други.

Remove ads

Опис

Под поволни и средно поволни агроеколошки услови, пловдина образува вегетативно многу силна пенушка. Врвот на младото ластарче има виолетова боја со белузлаво-сиви врвови. Зрелите ластари се дебели, со долги интерноди и нормално изразени коленца, а бојата се менува во зависност од квалитетот - од кафеаво-жолта до сиво-црвена боја. Листот е со средна големина, најчесто триделен, но може да биде и петделен. Синусот на петелката е многу изразен, има облик на буквата „“, обично е отворен, но може да биде и благо преклопен. Лиската е со бледозелена боја, на лице гола и влакнеста од задната страна. Нервите на листот се црвеникави, а на задната страна се побледи. Цветот е морфолошки и функционално хермафродит и има исклучително добро оплодување. Гроздот е средно-голем или голем, цилиндричен или цилиндрично-конусен, често со едно или две крилца. Тежината на гроздот изнесува од 120 до 200. Бобинката е средно крупна, кружна до малку овален облик со лабаво закачено стебленце. Кожата на бобинката е тенка, проѕирна, црвена со различен интензитет. Сокот од грозјето е безбоен и без посебен мирис.[2]

Remove ads

Агробиолошки својства

Пловдина е средно доцна сорта - според времето на зреење на грозјето, припаѓа на сортите од II доба. Коефициентот на плодност е од 1,3 до 1,6, а особено е својствен по високата плодност на најниските пупки на ластарот. Припаѓа на високоприносни сорти - приносите на грозје варираат од 15.000 до 20.000 илјади. Ѝ одговара кроење на кратки гранки: со долго кроење премногу раѓа и квалитетот на грозјето значително опаѓа. Примарно се одгледува покрај колец, а дури и кога се одгледува во облик на кордуница мора да се примени кратка резидба.

Најдобро успева на полесни типови почви - карбонатни кирпичи, кирпичи, делувијални чакални, песочни, длабоки почви. На пламеница и пепелница е средно чувствителна, а на сива мувла многу чувствителна. Чувствителна е и на зимски мразови.[3] Окцата замрзнуваат на -16 до -18 °C. Добро успева на многу подлоги, особено на оние од групата.

Стопанско-технолошки својства

Во гроздовиот сок се насобира 15 до 18% шеќер и 4 до 5 вкупни киселини. Вината се со жолтозелена боја, имаат пријатен мирис и недоволно освежувачки. Поради малата удел на вкупните киселини во грозјето, сортното трпезно вино ретко се произведува од пловдина: најмногу се користи за купажа и за производство на вински дестилат.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads