Пожарски Бањи

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пожарски Бањиmap
Remove ads

Пожарски Бањисело во Егејска Македонија.

Кратки факти Пожарски Бањи Λουτρά Λουτρακίου, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Пожарски Бањи се наоѓа помеѓу планинските масиви Кожуф и Кајмакчалан, сместено на 212 метри надморска височина.

Историја

Под селото Долно Пожар, меѓу планините Кожув и Кајмакчалан, на надморска височина од 420 метри уште од стари години постојат минерални топли бањи, чија експлоатација започнала по 1935 година и наскоро станале познати по својата лековитост, но и како пријатно летувалиште на поимотните семејства од Солун и од други градови, за која цел биле подигнати и специјални хотели.[2].

Бањите, посебно објектите, за време на Втората светска војна и Граѓанската војна ги користеле партизаните и воопшто силите на отпорот, посебно за лекување на ранетите, но и за рекреација и мал одмор на изморените борци. Бањите почнаа повторно да функционираат по нормализирањето на ситуацијата, па дури се водат како посебна населба која влегува во составот на општината Долно Пожар.[2]

Remove ads

Население

Во пописот од 1961 година, Пожарските Бањи се водат со 13 жители, во пописот од 1971 година нивниот број е пресметан во составот на жителите од селото Долно Пожар, додека во 1981 година е евидентиран само еден, а во 1991 година 2 житела.[2]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads