Покраини во Кина

административна единица во Кина From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Покраината , во контекст на Кина, е превод од шенг (), што е административна единица. Заедно со градските околии, автономните региони и специјалните административни региони, покраините ја сочинуваат првостепената највисока административна поделба на Кина (позната како поделба „на покраинско ниво“),.[1] Во теорија, во Република Кина (Тајван) покраините се првостепена административна поделба, иако нивната улога се има значајно намалено.

Во Народна Република Кина моментално постојат 22 покраини, од севкупно 23 административни единици на покраинско ниво. НР Кина исто така смета дека има право на, но нема власт во, Тајван како нејзина 23та покраина. Република Кина пак, е државата која има власт врз Тајван (Формоза) како и некои периферни острови како Џинмен (Кинмен) и Мацуовите Острови, многу блиску до покраината Фуџен.

Во НР Кина, секоја покраина има покраински комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК), на чие чело стои генерален секретар. Главно и одговорно лице на покраината е секретарот, а не управителот на покраинската влада.

Remove ads

Карта и Список на покраините

Административна поделба на Народна Република Кина. Белешка: на оваа карта се прикажани теоретските административни единици на НР Кина, кои не се синхронизирани со фактичките административни едниници на Република Кина (Тајван). НР Кина има власт врз континентална Кина, Хонгконг и Макао, додека Република Кина има власт врз Тајван и блиските острови.

Карта на покраините (省, „шенг“) во Народна Република Кина
Стиснете на покраина со жолто или виолетово за повеќе информации. Опис на сликата.
ThumbТајван (се полага право)
Повеќе информации Назив, Кинески (Т) ...

Белешки:

¹: Кратенка за секој Регион на покраинско ниво
²: во км2
†: Од времето на нејзиното основање во 1949, Народна Република Кина го смета Тајван за нејзина 23та покраина иако таа никогаш немала никаква власт врз било кој дел од Тајван. Моментално, врз оваа покраина има власт Република Кина, која се состои од Тајван (Формоза) и Пескадорите. Република Кина има власт и врз еден округ во покраината Фуџен: Џинмен (Кинмен); и делови од уште еден округ: Лиенџанг.
Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads