Полички Округ

округ во Западнопоморското Војводство, Полска From Wikipedia, the free encyclopedia

Полички Округ
Remove ads

Полички Округ (полски: powiat policki) — округ во Западнопоморското Војводство, северозападна Полска, крај полско-германската граница. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Најголем град и седиште на округот е Полице, сместен на 13 км северно од војводското седиште Шчеќин. Единствен друг град во округот е Нове Варпно, на 29 км северозападно од Полице. Сите останати места се села.

Кратки факти Полички Округ Powiat policki, Земја ...

Округот зафаќа површина од 665,33 км2 и во 2020 г. имал 81.229 жители.[1] Уделот на градско население изнесува 59,1 %.

Remove ads

Соседни места

Поличкиот Округ се граничи со градот Швиноујшќе (преку Шчеќинскиот Залив) на север и Голењувскиот Округ на исток, градот Шчеќин на југоисток и Грифинскиот на југ. На запад се граничи со Германија (окрузите Западна Померанија-Грајфсвалд и Укермарк).

Полице и Шчеќин имаат заедничка автобуска мрежа.

Округот има патни врски со:

Remove ads

Административна поделба

Округот се дели на четири општини од кои две се градско-селски, а две селски. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2016 г.[2]

Општина Вид Површина
(км2)
Население
(2016)
Седиште
Полице градско-селска 251,42 41.543 Полице
Добра селска 110,27 21.186 Добра
Колбасково селска 105,46 12.311 Колбасково
Нове Варпно градско-селска 197,88 1.667 Нове Варпно

Знаменитости

Приридни знаменитости

  • Вкшанска Шума — подрачје на мрежата Натура 2000 во околината на придониот резерват Швидвје и неговото езеро кај Таново и Добра
  • Канали - подрачје на мрежата Натура 2000; рушевини од нафтени погони во Полице, денес живеалиште за лилјаци.
  • Кајакарење на реката Гуњица од Венгорњик низ Таново, Татиња и Вјењково до Полице (Јасјењица)
  • Лагуната Шчеќински Залив (Тшибјеш, Нове Варпно)

Културно-историски знаменитости

  • Тулноготска црква во Полице - Јасјењица (XIV/XVIII век)
  • Остатоци од августински манастирски конаци во Полице - Јасјењица (XIV век)
  • Тулноготска капела (XV век) на плоштадот „Хробри“ во стариот дел на Полице
  • Неоготска црква (XIX век) во стариот дел на Полице
  • Лапидариум во паркот Старомјејски во стариот дел на Полице
  • Стари социјални станови (XIX век) во Полице, Ново Варпно и куќи од овој период во Тшебјеж
  • Градски дом во Нове Варпно (XIV век)
  • Цркви од XIII век во Колбасково, Добра, Волчково, Бук, Вонвелњица, Мјежин, Барњислав и Бендаргово

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads