Укермарк (округ)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Укермарк (округ)map
Remove ads

Укермарк (германски: Uckermark) — округ во североисточниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се (од југ надесно) Барним и Горен Хафел, окрузите Мекленбуршка Езерска Област и Западна Померанија-Грајфсвалд во Мекленбург-Западна Померанија и на исток Полска. До создавањето на округот Мекленбуршка Езерска Област во 2011 бил најголем округ во Германија гледано според територија. Округот е именуван по историската област Укермарк.

Оваа статија е за округот во Германија. За историската област, видете Укермарк. За информации околу истоимениот нацистички концентрациски камп, видете Укермарк (концентрациски камп).
Кратки факти УкермаркLandkreis Uckermark, Земја ...
Thumb
Плоштадот во Ангерминде
Remove ads

Географија

Укермарк е именуван по реката Укер, која е притока на Одра. Реката Одра ја создава полската граница, до каде се протега и округот. Во округот се наоѓаат 600 езера и реки во вкупна должина од 2.800 километри. Ретки диви животни сè уште живеат во езерската област, како орел-рибар, дабар и видра.

Западните делови на националниот парк Долна долина на Одра се наоѓаат во округот.

Историја

Укермарк бил првично поделен помеѓу административните единици Укеркрајс и Штолпиришер Крајс. Во 1817 како дел од покраината Бранденбург бил создаден трет округ во областа, округот Ангерминде, а другите два окрузи биле преименуван во Пренцлау и Темплин. Сегашниот округ Укермарк бил создаден во 1993 со спојување на претходните окрузи Ангерминде, Пренцлау и Темплин, како и некогашниот слободен град Швет.

Remove ads

Грб

Thumb Главна одлика на грбот се градбите од тули во округот црквите на Пренцлау и Ангерминде. Градскиот ѕид подолу потсетува на многуте војни во средниот век. Двата кружни прозорци во кулата на црква ја претставуваат поделбата на два окрузи пред реформата во 1817, трите готски прозорци ја претставува следната поделба. На градскиот бедем се два штита еден со грифин на Померанија, другиот со орелот на Бранденбург. Брановитата линија во горниот дел ги претставува главните реки во округот, Одра, Рандов и Укер. Жолтата боја на позадината го претставува земјоделството во округот, бидејќи Укермарк бил житница на Бранденбург. Грбот бил создаден од Ханс Бентин и бил официјално донесен на 8 ноември 1995.

Градови и општини

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads