Полог (село)
село во Општина Новаци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Полог — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
- За други значења видете на појаснителната страница
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е сместено на падините на Селечка Планина, источно од Битола.
Историја
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Во почетокот на XX век селото е запалено од грчки андарти.[2]
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Полог живееле 160 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Полог имало 128 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Полог се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 17 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6]
Селото е раселено и според пописот од 2002 година во селото нема жители.[7] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads