Полошко

From Wikipedia, the free encyclopedia

Полошкоmap
Remove ads

Полошко — историско село во Кавадаречко Мариово, чиј атар денес е поделен на селата Бегниште (селото) и Праведник (манастирот). Селото било најпознато по Полошкиот манастир. Селото се наоѓало во источниот дел на Мариово, на десниотбрег на реката Црна.

Кратки факти
Thumb
Црквата „Св. Ѓорѓи“ - главната манастриска црква на Полошкиот манастир
Remove ads

Историја

Во дарението од Константин Драгаш на манастирот Св. Пантелејмон-Росикон на Света Гора од 1370-тите, селото било вклучено во него заедно со својот манастир.[2] Во XIX век Полошко бил чифлик во Рожденска нахија (Мариово) на Тиквешка каза на Османлиското Царство. Во публикацијата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ е наведено дека во 1873 г. Подлошко (Podloschko) имало 15 домаќинства и 78 жители.[3] Според статистиките на бугарот Васил К’нчов од 1900 година Полошко имало 12 жители.[4] По создавањето на вештачкото Тиквешко Езеро во 1964 - 1968 година, селото целосно било потопено, од кое останал само Полошкиот манастир, до кој се стигнува само по воден пат.

Родови

Полошко било македонско село, но денес иселено.

Според истражувањата од 1920-1924 во селото живееле следните македонски родови.

  • Доселеници: Кајчевци (1 к.), Мурувци (1 к.), Аџи-Јановци (1 к.), Ичковци (1 к.) Ваневци со Марандевци и Деловци (5 к.), Ачковци (1 к.), Цебовци (2 к.), Биндевци (3 к.) и Трпановци (1 к.) сите биле доселени во 1916 година од мегленското село Зборско.[5]
Цркви[6]
Археолошки наоѓалишта[7]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads