Поречки срез
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Поречки срез — административна единица во Порече за време на српската окупација, кога Порече се наоѓа во рамките на Кралството Србија, а подоцна во рамките на Кралството Југославија.

Организација и население
Кралство Србија
После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Поречкиот срез припаѓал на Тетовскиот округ, заедно со Долно-полошкиот, Горно-полошкиот и Галичкиот срез. Како центар на срезот било селото Брод. Во 1913 година тој имал 9 општини, со 62 села. Населението било целосно рурално и изнесувало 19.033 жители.[1]
Кралство СХС
Во 1921 година, срезот имал 7 општини, односно 16.054 жители.
Јазик
Во Поречкиот срез, 86% од населението говорело српски или хрватски[2], додека 11% говореле на арнаутски јазик[3].[4]
Религија
Во Поречкиот срез, 72% од населението било православно, додека 28% биле муслимани.[5]
Кралство Југославија
Во 1931 година, Поречкиот срез исто така имал седум општини. Тој бил дел од Вардарска бановина. Целиот срез имал 18.740 жители. Како православни се изјасниле 73% од жителите, додека како муслимани 27%.[6]
90% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[7], додека 8% говореле на арнаутски јазик.
Во ФНРЈ и СФРЈ
По Втората светска војна, Поречкиот срез се преименува во Бродска околија.
Remove ads
Избори
По укинувањето на солунскиот фронт, германската и бугарската војска отстапуваат во 1918 година. Во Порече се задржува српската војска.
За началник на срезот е поставен Боро Марковиќ. Срезот формира општини во истите места како во 1912 година. Претседателите на општините биле поставувани со декрет. Воспоставени биле: Општина Брод, Општина Дебреште, Општина Растеш, Општина Самоков и Пласничко-Рабетинска Општина. Општински избори биле спроведени на 28 август 1920 година.
На 28 ноември 1920 спроведени биле парламентарните избори. Поречкиот Срез немал свој кандидат, поради недоволен број на избирачи, затоа избираат кандидат од Тетовскиот Срез.[8]
Избори од 1920 година
За време на изборите учествуваат повеќе политички партии: Демократската партија, Комунистичката партија, Радикалната партија.
Во Општина Самоков, Радикалната партија добила 42 гласа, Демократската партија 345 гласа а Комунистичката партија 8 гласа.
Избори од 1933 година
Во 1933 година спроведени се општински избори. На изборите учествуваат Радикалната партија и Демократската партија со свои кандидати.
Избори од 1936 година
Во 1936 година спроведени се општински избори. На овие избори доаѓа до големи судири меѓу партиите, претставниците и кандидатите за претседатели на општинските одбори.
Избори од 1938 година
Во селата низ Порече на овие избори преку 80% од избирачите гласаат за кандидатот на Демократската партија. За пратеник е избран кандидатит Данило Ѓуроски од Слатина.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads