Поречки манастир

манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Поречки манастирmap
Remove ads

Поречки манастир — манастирски комплекс над селото Горни Манастирец, во близина на Македонски Брод[1], во областа, што се наоѓа по средниот тек на реката Треска. За време на турското владеење во Македонија, овој манастир бил запален, но нема точни податоци кога се случило тоа. На иницијатива на поп Костадин од селото Грешница, селаните го испратиле поп Димитрија во Цариград да побара одобрение од султанот за повторна изградба на манастирот. Со дозвола на султанот, месното население, со доброволна работа и средства, повторно го изградиле овој манастир во 1846 година. Потоа е отворено и првото училиште во овој крај во кое доаѓале ученици од повеќе поречки села. Учители биле црковните свештеници. Манастирот станал културен центар во овој крај.[2]

Кратки факти Информации, Манастир на: ...

Од тој период е конакот што се наоѓа на југоисточната страна, тој на јужната страна е изграден во почетокот на ХХ век, додека на 22 јули 2007 година, од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Струмички г. Наум, се освети новоизградениот конак, кој се наоѓа на источната страна.

Настојател на манастирот е монахот Бенедикт Божиноски.

Манастирот бил значаен духовен и книжевен црковен центар во минатото. Најновите научни истражувања сведочат дека овој манастир не е од 19-ти век, како што досега се мислеше, туку тој датира од 12-от век, ако не и порано. Историчарот Иван Снегаров, запишал дека „нема никакви сведоштва за времето кога бил основан, но селото Манастирец, како и соседното село Калуѓерец, кои постоеле во 14-от век, говорат за неговата ста­рост“.[3] Не може селото да се викало Манастирец, а да немало претходно манастир, ниту Калуѓерец, а да немало калуѓери.[4]

Remove ads

Црква

Главната манастриска црква која е единствена во комплексот е посветена на Рождеството на Пресвета Богородица. До скоро се сметало дека манастирот потекнува од 18 век, но Според Републичкиот завод за заштита на спомениците, тука се најдени фрески кои потекнуваат од 11 до 13 век, кој претставува нов момент за значењето на манастирот од историски аспект.

Remove ads

Книжевен центар

Поречкиот манастир во средновековието претставувал книжевен и просветен центар во Порече и пошироко. Таму учените монаси пишувале и препишувале книги со библиска и богослужбена содржина, како и преводи на некои светоотечки дела, слова и поуки. Оттаму биле снабдувани со богослужбени книги и со друга потребна литература и селските цркви во педесетината села низ Порече. Преданието сведочи дека 40 коњски товари со книги се однесени од манастирот кон Цариград. Каде завршило тоа книжевно богатство, не се знае.

Како потврда за книжевното богатство на манастирот и на Порече, може да послужат и четирите најзначајни сведоци пронајдени во овој крај:

  • Празничен минеј на дјак Добре од село Калуѓерец, ракопис од 14-ти век, пишуван во периодот од 1371-1395 година;[5]
  • Поречкото четвороевангелие, од средината на 16-от век;[6]
  • Бенческо четвороевангелие од 16-от век, од селото Бенче. [8]

Во овој Поречки манастир, бегајќи од безбожничкиот режим на Совет­ска Русија, во 1917 година нашле прибежиште 20 руски монаси. Последниот од нив бил јеромонах Инокентиј.

Манстирот се посведочил како книжевен и просветен центар и во поново време. Од 1947 до 1957 година, во конаците на манастирот, работело основно училиште, во кое со образование се здобиле над 850 деца од Поречието. Но и претходно, во 18-от и 19-от век и во времето на преродбата и просвети­телство, во манас­тир­ските конаци работело ќелијно училиште, во кое монасите, како први наши учители, ги образувале и воспитувале децата.

Remove ads

Конаци

Во манастирскиот комплекс постојат два конака. Едниот постариот е во руинирана сосотојба, докека поновиот е изграден во поново време и служи како дом на монахот и за посетителите.

Спомен-костурница

До манастирскиот компкес постои спомен-костурница на загинатите поречани во Масакрот кај Дервишка Нива од страна на бугарските злосторници.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads