Горни Манастирец
село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горни Манастирец — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Remove ads
Потекло на името
Името на селото потекнува од манастирот кој се наоѓа над селото.[2]
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Порече, во северниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од левата страна на реката Треска.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 30 километри.[3]
Има голем атар, кој зафаќа површина од 18,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.270,3 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 188,3 хектари, а на пасиштата само 76,2 хектари.[3]
Селото е сочинето од неколку маала: Старо Село, Ново Село, Мало Село и Василковци.
Remove ads
Историја
Во XIX век, Горни Манастирец било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
На 6 јануари 1912 година (Бадник), бугарските војници извршиле колеж врз 103 жители од областа Порече, чии тела биле фрлени во месноста „Дервишка Нива“, поради што настанот е познат како Масакр кај Дервишка Нива. Подоцна, била изградена спомен-костурница под Поречкиот манастир.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
Селото има полјоделско-шумарска функција.[3]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Манастирец (Горни и Долни, заедно) имало 410 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Манастирец (Горни и Долни, заедно) имало 480 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци.[7]
Селото е мало и во 1961 година броело 214 жители, додека во 1994 година се намалило на 21 жител, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Горни Манастирец имало 19 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Горни Манастирец е чисто македонско православно село. Селото се состои од четири маала: Старо Село, Ново Село, Мало и Василковци. Во селото има староседелски и доселенички родови.
Родови во Старо Село се: Ѓурчевци (4 к.), Данковци (4 к.) и Милошевци (2 к.), се староседелски родови, Милошевци трипати се селеле во Модриште и се враќале назад.
Родови во Ново Село се: Велковци (13 к.), Учумовци (5 к.), Митревци (10 к.), Бунташевци (6 к.) и Веселиновци (1 к.), се староседелци, порано живееле во маалото Старо Село. Учумовци и Велковци се еден род. Учумовци некое време живееле и во Драгов Дол. Митревци некое време живееле во Скопско и Тетовско; Чкорлевци (2 к.), доселени се од некое место во околината на Скадар.
Во Мало се родовите: Кочовци (9 к.), Жежовци (4 к.) и Кокаревци (4 к.), се еден род и се староседелци, порано живееле во Старо Село; Петковци (8 к.) и Клишуровци (6 к.), потекнуваат од заеднички предок кој дошол како домазет однекаде.
Во маалото Василковци е само родот: Василковци (8 к.), основачот на родот Василко дошол од Охридско, кај Кочовци и тука останал и се оженил и основал маало.
Remove ads
Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Манастирец, во која влегувале селата Горни Манастирец, Долни Манастирец, Драгов Дол, Инче, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Горни Манастирец се наоѓале селата Горно Крушје, Долни Манастирец, Долно Крушје, Драгов Дол, Слатино, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0243 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[15]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви[16]
- Црква „Св. Богородица” — главна селска црква
- Манастири
- Поречки манастир — средновековен манастир, основан во XII век
- Спомен-костурници
- Спомен-костурница — костурница за закланите жители од поречките села во масакрот кај Дервишка Нива, изведен од бугарската војска во 1912 година
Личности
- Вукашин Синадиноски (1911 - 1944) - (од Горни или Долни Манастирец) — загинат во НОБ.[17] 8
- Стојко Ѓурчески (1922 - 1945) (од Горни или Долни Манастирец) — загинат во НОБ.[17]
- Чедомир Лозаноски (1922 - 1945) (од Горни или Долни Манастирец) — загинат во НОБ.[17]
Галерија
- Поглед од далечина на Поречкиот манастир
- Стари куќи во селото
- Спомен-костурницата под манастирот
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads