Портрет на Караѓорѓе (Зографски)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Портрет на Караѓорѓе — слика од Ѓорѓи Зографски, насликана во 1932 година која се наоѓа во Музејот во Смедерево. Димензиите ѝ се 40,5 х 24,0 см. Портретот на Караѓорѓе е единствениот портрет на Ѓорѓи Зографски што се наоѓа во Музејот во Смедерево, а е датиран и сигниран.[1]
Remove ads
Опис
Портретот на Караѓорѓе е насликан според стара руска литографија.
Зографски го насликал Караѓорѓе како седи на една стена и ја следи борбата со Турците. Облечен е во народна носија, со долга пушка во десната рака, капа во левата, мечот обесен, а пиштолите заденати на појас. Истакната се битните особени црти на портретираниот: високо чело, истакнат нос, стисната уста, испакната брада, продорни очи — лице од кое зрачи внатрешна сила и одлучност.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
