Капа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Капа е предмет за облекување кој се става на главата и служи за заштита од врнежи, студ, сонце, но исто така и како моден детал. Капите можат да се изработуваат од различни материјали: волна, платно, кожа или синтетички материјали.[1]

Видови
Постојат повеќе различни начини како можат да се поделат капите. Пред сè според материјалот и времето кога се носат. Плетените капи обично се направени од волна и се погодни во студените зимски месеци. Меѓу имињата на капи често можеме да ги слушнеме следниве:
- Шапка
- Шубара
- Валана капа
- Фес
- Шајкача
- Скуфија
- Турбан
- Качкет
- Беретка
- Титовка
- Тубетејка
- Фригиска капа
- Камилавка
- Ушанка
- Личка капа
- Калпак
- Гардиска капа
и многу други.
Remove ads
Капата како тема во уметноста и во популарната култура
- „Капата и сватот“ (српски: Капа и сват) — српска народна приказна.[2]
- „Невидливата капа“ — српска народна приказна.[3]
- „Волшебната шубара“ — кавкаска народна приказна.[4]
- „Трите шапки на мистер Хепи“ — кус расказ за деца на ангискиот писател Доналд Басет од 1967 година.[5]
- „Шеширот на дедо“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[6]
- „Бајка за црвеното капче“ (руски: Сказка о красноҋ шапочке) — песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1917 година.[7]
- „Капа“ — краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.[8]
- „Шапка од леопардова кожа“ (англиски: Leopard-Skin Pill-Box Hat) — песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1966 година.[9]
- „Пријатно, поркпај капо“ (англиски: Goodbye Pork Pie Hat) — песна на американскиот џез-музичар Чарлс Мингус (Charles Mingus).[10]
- „Фес“ (англиски: The Fez) — песна на американската рок-група Стили Ден (Steely Dan) од 1976 година.[11]
Remove ads
Надворешни врски
![]() |
„Капа“ на Ризницата ? |
Галерија
- Капа
- Капа
- Капа
- Капа
- Капа
- Капа
- Капа
- Капа
- Качкет
- Спортска капа
- Спортска капа
- Спортска капа
- Спортска капа
- Шапка
- Шапка
- Шапка
- Качкети и шалови
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads