Потез 29
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Потез 29 (француски: Potez 29) — француски патнички двокрилен авион во производство на фабриката „Авион Анри Потез“. Иако бил предвиден за патници, голем број од овие авиони подоцна се употребувале во Француското воено воздухопловство.

Авионот е познат како првиот патнички авион во Македонија, кој го опслужувал Скопскиот аеродром, почнувајќи од 1928 г.[1] летајќи на одредиштата Белград-Скопје-Подгорица-Мостар-Сараево-Белград.
Remove ads
Развој
Потез 29 бил дворкилец со носен клипен мотор од 335 kW (450 КС) од типот „Lorraine 12Eb 3“, со опашест стоен трап. Бил заснован на претходниот модел Потез 25, задржувајќи ги истите крила и мотор, но со нов труп и затворена кабина за двајца екипаж и пет патници. Овој авион доживеал голем успех, опслужувајќи патнички линии во разни земји, а 120 авиони биле испорачани на Француското воено воздухопловство, каде служеле како амбуланти и леки транспортери.
Remove ads
Варијанти
- Потез 29
- Прототип и шест произведени со мотор „Лорен 12Eb“.
- Потез 29/2
- Наменети за Француското воено воздухопловство со мотор „Лорен 12Eb“ (изработени: 123)
- Потез 29/4
- Патничка варијанта со кружен мотор од 359 kW (480 КС) од типот „Гном-Рон 9Ady Јупитер“ (изработени: 15)
Оператори
Цивилно воздухопловство
- CIDNA
- LARES
Воено воздухопловство
- Француско воено воздухопловство
Слободни Француски Сили
- Слободно француско воено воздухопловство
- Кралско воено воздухопловство (RAF)
Технички податоци (Потез 29)

Општи особености
- Посада: 2
- Седишта: 5
- Должина: 10,68 м ()
- Распон на крилјата: 14,5 м ()
- Висина: 3,67 м ()
- Товарена тежина: 2.650 кг ()
Работни особености
- Макс. брзина: 219 км/ч
Поврзано
- Поврзани списоци
- Список на француски воени авиони од Втората светска војна
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads