Потури

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Потурите претставуваат широки машки панталони (гаќи), направени од дебело сукно или шајак, кои се среќаваат во носијата од Шопско-македонската етнографска целина. Името доаѓа од турскиот збор potur, а нивното потекло е ориентално.

Во Пијанечкиот крај, потурите се изработувале од дебел кафеав или црн шајак. Во горниот дел биле широки, со длабоко седло, а ногавиците под колената биле тесно прилепени до нозете. Декорацијата се состоела од црни гајтани, особено изразени на долниот дел од ногавиците, наречени „со капаци“. Внатрешниот, долен дел на ногавиците бил отворен (на тој дел се закопчувале). На страните под појасот имале вертикални отвори што служеле како џебови, украсени со црни гајтани. Во горниот дел од половината бил вовлечен учкур за прицврстување.

Во Малешево, потурите се шиеле од црн или син шајак, со широко седло и тесни ногавици прилепени до ногата. Во долниот, внатрешен дел, ногавиците биле расечени и се закопчувале со копчиња. Од половината до џебовите од страните биле украсени со црни гајтани, кои продолжувале по рабовите и посебно се истакнувале на долниот дел од ногавиците – на „носот“. За секојдневна употреба се користеле потури со четири реда гајтани, додека свечените имале побогата декорација.

Потурите од Радовишкиот Шоплук биле изработени од црн или кафеав шајак и биле кроени слично како гаќите. Се носеле секојдневно над гаќите. За празнични пригоди се облекувале панталони од ист материјал како потурите, но со поширока форма до колената (крој – брич). Под колената, над потурите, се носеле чорапи.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads