Прагматика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Прагматика — поле на лингвистиката и семиотиката која ги проучува начините со кои контекстот придонесува кон значењето. Прагматиката ги опфаќа теоријата на говорниот акт, разговорната импликатура, разговорна анализа и други пристапи кон јазичното однесување во филозофијата, социологијата, лингвистиката и антропологијата.[1] За разлика од семантиката, која го проучува значењето кое е конвенционално или кодирано во дадениот јазик, прагматиката прочува како преносот на значењето зависи не само од структурното или јазичното знаење на говорниот, туку и од контекстот на говорот, секое претходно знаење, намерата на говорникот и други фактори.[2] Така, прагматиката објаснува како говорниците се во можност да преминат можни двосмислености, бидејќи значењето се потпира на начинот, местото, времето на говорот и сл..[1] Можноста да се разбере значењето на другиот говорник се нарекува „прагматична компетентност“ или „прагматична способност“.[3][4][5]
Remove ads
Потекло на името
Зборот „прагматика“ потекнува од латинскиот збор pragmaticus, кој пак потекнува од старогрчкиот πραγματικός (pragmatikos), и значи, покрај другите, „соодветен за дејство“,[6]
Двосмисленост
Реченицата „Ти имаш зелено светло“ е двосмислена. Без да го знаеш контекстот, идентитетот на говорникот, неговата или нејзината намера, тешко е да се одреди значењето со сигурност. Така, реченицата:
- може да значи имаш зелено амбиентно светло,
- може да значи имаш зелено светло додека водиш кола,
- може да значи дека имаш дозвола да направиш нешто,
- може да значи дека твоето тело има зелена боја,
- може да значи дека имаш зелена светилка.
Слично на ова, реченицата „Шерлок видел маж со двоглед“ може да значи дека Шерлок видел некој маж со помош на двогледот, или дека Шерлок видел маж кој пак тој држел двоглед во разцете.[7] Значењето на реченицата завиди од сфаќањето на контекстот и намерата на говорникот. Како што е дефинирано во лингвистиката, реченицата е апстрактна единица, низа на зборови разделени од нелингвистички контекст; како спротивно на ова е исказот, кој е пример на говоен акт во одреден контекст.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads