Праксидика (месечина)

месечина на Јупитер From Wikipedia, the free encyclopedia

Праксидика (месечина)
Remove ads

Праксидика — познат и како Јупитер XXVII — повратна неправилна месечина на Јупитер. Бил откриен од тим на астрономи од Универзитетот во Хаваи, предводен од Скот С. Шепард во 2000,[1][2] со привремена ознака S/2000 J 7.

Кратки факти Откривање, Откривач ...
Thumb

Праксидика кружи околу Јупитер, на просечна оддалеченост од 20,824 Мм во 613.904 дена на наклон од 144° на еклиптиката (143° до екваторот на Јупитер), во повратна насока и со занесување од 0.1840.

Месечината била именувана во август 2003 година, по Праксидика,[3]грчката божица на казната.

Праксидика припаѓа на Ананке групата и се верува дека е остаток при распад на хелиоцентричен астероид.[4][5] Со проценет пречник од 7 км, Праксидика е вториот најголем член на групата, после Ананке (претпоставено албедо од 0.04).[6]

Месечината се појавува во сива боја (боен показател B-V=0.77, R-V= 0.34) што е типично за C-тип астероиди.[7]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads