Божица

божество од женски пол From Wikipedia, the free encyclopedia

Божица
Remove ads

Божица е женско божество со натприродни моќи.[1][2] Во некои култури божиците се поврзани со земјата, мајчинството, плодноста, љубовта и растителноста. Во другите култури, божиците исто така, владеат над војната, смртта и уништувањето, како и создавањето, исцелувањето, сочувството и животот. Тие можат да бидат во фокусот на верските обожувања или почит. Уметнички претстави на божиците се вообичаени во културите кои ги хонорираат.

Thumb
Божицата на надежта од Бертел Торвалдсен

Во некои религии света женска фигура има централно место во молитвата и обожавањето. Шактизам - обожувањето на женска сила која го анимира светот - е една од трите главни секти на Хиндуизмот. Во Тибетскиот Будизам, највисокиот напредок кое некое лице може да го постигне е да стане како женските Буди (на пример, Араја Тара) кои се прикажани како врховни заштитнички, бестрашни и полни со сочувство за сите суштества.

Приматот на монотеистичката "Голема Божица" е поддржана од некои модерни матриархисти како женса верзија, пред, или аналогна, на Аврамскиот Бог поврзан со историскиот пораст на монотеизмот во Средоземјето.

Повеќето модерни пагански традиции хонорираат божица, или повеќе божици. Виката има дуотеистички систем на верување, се состои од една божица и еден бог, кој во Хиерос Гамос претставуваат обединета целина. Политеистите, вклучувајќи ги политеистичките реконструкционисти, хонорираат повеќе божици и богови, и обично ги гледаат како дискретни, одвоени суштества. Овие божества можат да бидат дел од пантеонот, или различни региони можат да имаат старателски божества. Реконструкционистите, како и нивните антички предци, ги хонорираат божествата специфични за нивната земја на потекло.

Thumb
Статуа на божицата Хигија во Карлови Вари, Чешка

]]

Remove ads

Божиците како мотив во уметноста и во популарната култура

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads